СЗО: Се очекува раст на случаите на хантравирус

Макфакс

12/05/2026

18:31

214

Големина на фонт

а а а

Генералниот директор на Светската здравствена организација предупредува дека поради временскиот интервал помеѓу појавата и потврдата на заразата, бројот на случаи на хантравирус може значително да се зголеми. Во меѓувреме, млад италијански пациент е ставен во карантин поради сомнеж за инфекција со овој вирус, особено по патувањето со заразенo лицe.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека се очекува зголемување на бројот на случаи на хантравирус поради периодот што изминал меѓу појавата на првиот случај и потврдата на заразата.

Говорејќи на конференција за новинари, Тедрос наведе дека првиот случај бил забележан на 6 април на крузерот „MV Hondius“, додека инфекцијата била потврдена како заразна дури околу 24 или 25 април, пренесе „Скај њуз“.

Според неговите зборови, во тој период патниците имале бројни меѓусебни контакти, што ја зголемува можноста за понатамошно ширење на вирусот и покрај превентивните мерки кои биле воведени подоцна.

„Би очекувале повеќе случаи“, рече Тедрос, додавајќи дека периодот на инкубација на хантравирусот трае помеѓу шест и осум недели.

Млад маж (25) од Италија е примен во болница за инфективни болести во Рим поради сомнеж за инфекција со хантравирус, пренесе агенцијата „Анса“.

Според наводите на медиумите, пациентот од јужниот регион Калабрија е ставен во карантин, откако патувал на лет на компанијата „KLM Royal Dutch Airlines“ заедно со жена која подоцна починала од инфекцијата.