Мареска e подготвен за новиот предизвик: Тоа е најважното нешто…

Дерби

12/05/2026

13:28

460

Големина на фонт

а а а

Енцо Мареска веќе неколку месеци е без ангажман и тоа откако премиерлигашот Челси се откажа од неговите услуги откако претходно успеа да им донесе пехари во Конференциската лига на УЕФА и Светското клупско првенство.

„Сините“ плаќаат за таа одлука и доказ за тоа се резултатите, а Италијанецот пак од друга страна по паузата која ја имаше е подготвен да направи исчекор и да се впушти во нов предизвик.

- Се чувствувам подготвен за следното поглавје, тоа е најважното нешто, - рече Мареска кој запрашан за гласините кои го поврзуваат со Манчестер Сити, тој одговори:

- Она што е важно, без оглед на клубот, е да се биде подготвен. Остануваат само неколку недели до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме што ќе се случи, - порача стратегот кој во минатото работеше во Сити и му беше асистент на Пеп Гвардиола.

Како стратег има работено уште во Парма и Лестер.