Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

12/05/2026

10:09

129

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ ја критикува здравствената политика и изјавите на министерот Филипче за односот со Бугарија во врска со македонскиот иденитет. Според опозициската партија, владејачките структури ги поддржуваат ставовите што ја доведуваат под знак прашање историјата, јазикот и културата на Македонија, прифаќајќи го терминологията на „северномакедонци“ од бугарската влада. Овој конфликт ги открива длабоките политички поделби по однос на националното прашање и идентитетот.

„Пена му фати устата на Филипче од бранење на бугарските позиции, односно велеше Бугарија не го негира македонскиот идентитет, туку дека тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ.

Секако, стигна брз демант од новоформираната влада на Радев, поточно од министерката за надворешни работи која не окарактеризира како ,,северномакедонци”“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа време, како што додаваат во реакцијата, од македонската опозиција предводена од војникот на Румен Радев – молк.

„Филипче кој од петни жили ги брани бугарските позиции на Радев, молчи кога го нарекуваат северномакедонец. Тоа е таа мекотелна политика на СДС, Заев и Филипче.

Доколку тие се на власт, ќе го променат и идентитетот, јазикот, историјата и културата“.

Со овој однос на Филипче и СДС, според владејачката партија, јасно станува дека тие немаат проблем Гоце Делчев да е Бугарин, Илинденското востание да е бугарско, Крсте Петков Мисирков да е Бугарин, и секако немаат проблем Македонија да стане Бугарска провинција.

„Ваквите политики на коленичење и виткање кичма пред оние кои ве негираат ги доведе до овој стадиум, четврта политичка партија со рејтинг сличен на статистичка грешка“.