[ФОТО] Ќерката на Здравко Чолиќ освојува со стилот: Едноставен фустан кој привлекува внимание на секој настан

Точка

11/05/2026

16:16

655

Големина на фонт

а а а

Уна Чолиќ, ќерката на Здравко Чолиќ, позирала во едноставен фустан кој е идеален за свечени пригоди, но и за вечерни излегувања, и добила бројни комплименти за својот изглед.

Станува збор за деколтиран бел фустан украсен со сини и беж мотиви. Косата ја собрала во реп и се одлучила за шминка во природни нијанси со која особено ги истакнала очите.

Изгледот го комплетирала со чантичка од „Chanel“ и отворени штикли. Во ова издание се појавила на свадбата на нејзините пријатели Анѓелка и Алекса. Во коментарите на Инстаграм се нижат комплименти.


„Убавица“, „Уна, многу си убава и елегантна“, „Колку е слатка“, се дел од коментарите.

Уна Чолиќ претходно не била премногу активна на социјалните мрежи, но во последните неколку години сè повеќе ја споделува својата секојдневница.

Таа во март присуствувала на концертите на својот татко Здравко Чолиќ во Зетра во Сараево. На Инстаграм споделила фотографии на кои позира со пријателки.


Меѓу другото, објавила и дека уживала во ќебапи и босанско кафе на Башчаршија.