[ВИДЕО Манасиевски: Тоа што Заев го започна со распродажба на државните интереси, Филипче е спремен да го доврши

Макфакс

09/05/2026

11:18

116

Големина на фонт

а а а

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција кажа дека лидерот на СДСМ, Филипче, ги следи чекорите на Заев и се „ставил на тацна“ на Бугарија.

„Румен Радев, не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не заборавиме, дека за Румен Радев, сонародниците на Гоце Делчев се Бугари. Со овие ставови и неговиот однос кон Македонија, јасно ни е дека Бугарија нема да се помрдне ни милиметар од нивните барања, со тоа што ќе не ветоизира на секое можно поле“, рече Манасиевски.

Тој додаде дека „во ваква ситуација, наместо критика и осуда од македонската опозиција, Венко Филипче втрча во прегратки на Радев и на Бугарија, јасно кажувајќи дека доколку тој дојде на власт би ги направил уставните измени, дека би ги прифатил барањата на официјална Софија и дека нема проблем Гоце Делчев да е Бугарин, Илинденското востание да биде запишано како бугарско, односно дека би биле што би рекол неговиот ментор Заев, еден народ, две држави“.

„Тоа што Зоран Заев го започна со распродажба на државните и националните интереси, Филипче е спремен да го доврши. Наместо да се вразумат и да застанат на вистинската, на македонската страна, тие за свои лични интереси се спремни за нови национални предавства“, заклучи Манасиевски.