Пети: Со него Арсенал може да ја освои ПЛ и ЛШ

Дерби

08/05/2026

16:35

272

Големина на фонт

а а а

Арсенал полека како да ја враќа енергијата, сигурноста која во определен период како да исчезна, ја загуби, се направија неколку киксови и почна да се чувствува притисокот по елиминацијата од двата англиски Купа, плус поразот од Манчестер Сити во првенството.

Меѓутоа потоа „топчиите“ го добија Арсенал со минимални 1-0 и од тука екипата како полека да се крева, ремизираше со Атлетико во Мадрид, супериорно за едно полувреме го реши Фулам во ПЛ, а потоа ги доби „колчонеросите“ и избори финале во ЛШ.

Ова постепено враќање на лондонскиот состав дојде со кам-бекот на Букајо Сака на терените и Емануел Пети верува дека офанзивецот може да биде клучот за освојување на два големи пехари.

- На Виктор Ѓокереш му недостасуваше Букајо Сака; тој беше надвор од игра со месеци, додека Мартин Одегард мина долги периоди на клупата. Можете ли да замислите каде ќе беше Арсенал ако тие играчи беа во форма цела сезона? Сега можеме да видиме колку многу ни недостигаше Сака; неговото враќање можеби е она што ќе му ја донесе на Арсенал Премиер лигата и Лигата на шампионите.

- Без него, немаше да биде ништо. Мислам дека е ментално и физички свеж. Има живот во нозете; Артета внимателно го води бидејќи не можете да ризикувате со него. Тие сè уште имаат четири натпревари за играње, три во Премиер лигата и едно финале во Лигата на шампионите.

- Затоа, не брзајте со него. Тие добиваат натпревари, а тој беше важен во последните неколку. Следниот натпревар против Вест Хем ќе биде многу важен за двата тима. Претпоставувам дека Сака ќе биде клучен. Сака и Одегард се меѓу нивните најдобри играчи со години. Им недостигаа тие момци. Како да го прашате Пеп Гвардиола да игра без Ерлинг Халанд и Бернардо Силва, - порача Пети.