Бербатов го откри својот фаворит за тренерската позиција во Јунајтед

Дерби

08/05/2026

14:23

249

Големина на фонт

а а а

Се ближи крајот на оваа сезона, а се уште не е познато каков потег ќе повлече Манчестер Јунајтед кога е во прашање тренерската позиција.

Мајкл Карик беше доведен како привремено решение и легендата си ја заврши својата задача, ја оствари целта и му донесе пласман на клубот во Лигата на шампионите.

Меѓутоа и покрај добрата атмосфера, резултатите, поддршката од самите играчи се уште не се знае каква е иднината на Карик на „Олд Трафорд“ што секако се остава простор за шпекулации, гласини во медиумите. Според Димитар Бербатов кој во играчката кариера настапуваше за Јунајтед, решението е едно и очигледно, Мајкл мора да остане на сегашната позиција.

- Направи и повеќе од доволно да ја добие работата. Тимот се квалификуваше за Лигата на шампионите, тимот игра слободен фудбал со самодоверба, со толку многу верба, постигнувајќи голови. Секако, има и работа што треба да се направат, сигурно. Но, гледајќи каде беше тимот, со сите проблеми, со работите што се случуваа, а сега и со тоа како работите се подобрија.

- Мајкл Карик и неговиот персонал, и секако играчите, заслужуваат заслуги и мислам дека ако прашате некого, веројатно 99 проценти ќе речат секако! Слушнав некои од интервјуата од играчите кои го поддржуваат. „Ќе умреме за него на теренот. Тој знае како да разговара со нас, резултатите се тука. За мене, тоа е очигледно, тој треба да остане, - порача Бугаринот.