ОАЕ: Иран нè напаѓа со ракети и дронови

Макфакс

08/05/2026

08:01

226

Големина на фонт

а а а

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати објави дека нивната воздушна одбрана во моментов се бори против „напади со ракети и беспилотни летала што доаѓаат од Иран“.

Според официјалното соопштение, одбранбените системи на ОАЕ пресретнуваат балистички и крстосувачки ракети и беспилотни летала. Засега нема извештаи за повредени или смртни случаи.

Нападот се случува во услови на ескалација на конфликтот во Персискиот Залив и блокадата на Ормускиот теснец.