СДСМ: Раст на инфлацијата од 5,7%, дилетантнот Мицкоски го доведе народот до раб на сиромаштија

Макфакс

07/05/2026

15:11

130

Големина на фонт

а а а

Најновите податоци на Државниот завод за статистика уште еднаш ги потврдија дилетантските политики на Мицкоски и суровата реалност во која живеат граѓаните. Додека Христијан Мицкоски кажува бајки за „трета економија“ во Европа, статистиката е поразителна. Во април оваа година има раст на инфлацијата од 5,7% споредено со истиот месец 2025 година, велат од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека ова е значајно повисока инфлација од еврозоната, каде исто во април изнесува 3%.

„Најголем пораст на трошоците на живот има кај храната, дури 8%. Сè е поскапено, храната, сметките, животот. Цените во маркетите уриваат рекорди. Синдикалната кошничка во април достигна скоро 69.000 денари. Уште Владата на Мицкоски доцни со исплатите за социјално и здравствено затоа што нема пари во буџетот. Мицкоски и ВМРО-ОКГ одбија да го укинат ДДВ на храната и да го намалат ДДВ на горивата на 5%, одбија да воведат какви било мерки за заштита на стандардот на граѓаните, одбија да ја зголемат минималната плата на 600 евра“, се наведува во соопштението и се додава дека за две години, власта ги задолжила граѓаните за 2,3 милијарди евра.