Останува уште еден месец до гостувањето на фантастичната австралиска „тројка“ во Скопје.
По две рекордни австралиски турнеи, неверојатниот комичарски феномен со милиони следбеници на социјалните мрежи ја започна својата најголема и најамбициозна меѓународна турнеја досега.
Опфаќајќи ги најголемите градови низ Северна Америка и Европа од април до јуни 2026, SOOSHI MANGO патуваат на светска турнеја со наслов “HOME MADE WORLD TOUR” 2026. Лос Анџелес, Њујорк, Париз, Лондон, Берлин, Милано, Атина се само дел од листата на градови предвидени во оваа турнеја, а секако меѓу овие мегалополиси се наоѓа и нашето Скопје.

Шести јуни, 20:00 часот, во Македонската филхармонија, на сцената ќе ги видиме во живо ликовите на Џони, Винс, Сем, Џузепина, Кармела и Ангела — херои што допираат до милиони следбеници.
Она што пред само девет години почна како тројца другари кои снимаат препознатливи етничко-семејни скечеви во своите автомобили, прерасна во една од најголемите светски комичарски изведувачи во живо. Браќата Џо и Карло Саланитри, заедно со нивниот долгогодишен пријател Ендрју Манфре, го прераснаа Sooshi Mango од инстаграм „приказна“ во глобален културен феномен.
Оваа пресвртница означува нова, клучна фаза во подемот на SOOSHI MANGO — од креатори на видеа снимани по паркинзи до глобални СТЕНД АП артисти, кои полнат арени.

Со над една милијарда прегледи на видеата на социјалните мрежи и глобална заедница со повеќе од осум милиони следбеници, дофатот на SOOSHI MANGO одамна ги надминува границите на австралискиот континент и се етаблира на светската мапа на комедијата како врвен изведувач во живо.
Комедија за сите генерации. Перформанс во живо кој кокетира на линија помеѓу театарска претстава и станд ап комедија.
Скопје е дел од светската мапа на комедијата. 06 ЈУНИ 2026 / МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА
Билети достапни преку билет сервисот tix.mk и www.drugastrana.mk.








