[ФОТО] Извесна жена во дневната соба имала регал каков што поседувала секоја куќа во Југославија: Ја прашала вештачката интелигенција како да го уреди – одговорот ја шокирал

Кармин

05/05/2026

22:50

542

Големина на фонт

а а а

Регалот што зафаќа цел еден ѕид од дневната соба речиси секоја куќа го имала во поранешна Југославија. Тешка дрвена конструкција полна со фиоки и прегради, со една отворена ниша каде што стоел телевизорот, бил „must have“ во многу домови.

Иако денес ретко го гледаме, оние што живеат во станови од 60-тите години или уште постари и понатаму го имаат овој мебел како реликт од минатото. Една жена која и понатаму не сака да се раздели од овој масивен мебел, на Фејсбук страницата „Dizajn interijera – saveti i komentari“, ги прашала корисниците на групата како би можела малку да го стилизира и да му даде „нов живот“.


„На кој начин може стариот регал да се преуреди, можеби да се раздвои или скрати“, прашала таа.

Масовно ѝ делеле резултати во коментарите на Фејсбук што ги направила вештачката интелигенција и буквално никој не можел да поверува дека се работи за плакар од минато време. А не е потребно ни многу труд.


Она што го добила како одговор целосно ја изненадило: немало потреба од скапо реновирање ниту поместување на мебелот. Доволни биле неколку паметни измени за стариот регал да добие сосема нов лик.

Првиот чекор бил – светло. Со додавање дискретни LED ленти во внатрешноста на витрините и полиците, регалот добил длабочина и топлина, а предметите во него конечно дошле до израз. Наместо затворено и тешко парче мебел, просторот одеднаш почнал да „дише“.



Потоа следеле мали, но клучни промени: старите рачки биле заменети со едноставни, модерни модели во мат варијанта, а некои вратички биле отстранети или заменети со стакло. Со тоа визуелно бил „олеснето“ целото парче, па повеќе не делувало гломазно како порано.


Со отстранување на по некоја полица се добил простор за декорација – книгите, растенијата и ситниците сега имаат свое место, а регалот станал централен детал во дневната соба, наместо нејзин товар. Некои ѝ советувале и целосно да го пребои, за што е потребен нешто поголем буџет.


Она што е особено интересно е дека овој тренд сè повеќе се враќа во мода. Дизајнерите на ентериер сè почесто истакнуваат дека не е потребно да се менува целиот мебел за просторот да изгледа модерно – доволно е паметно да се освежи она што веќе го имате.

Понекогаш е навистина потребно многу малку за старото да се претвори во нешто сосема ново.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk