За ручек подгответе пилешко на тоскански начин: Брз и едноставен оброк од една тава

Точка

05/05/2026

16:34

190

Големина на фонт

а а а

Тосканското пилешко е кремасто јадење инспирирано од италијанските вкусови, кое комбинира сочно месо, сушени домати и спанаќ во богат сос.

Она што особено го издвојува овој рецепт е едноставната подготовка, а нема да ви бидат потребни ни многу садови за готвење бидејќи може да го подготвите во една тава.

Потребни состојки:

- два пилешки стека
- две лажици брашно
- две лажици маслиново масло
- три чешниња лук (ситно сечкани)
- 100 грама сушени домати (во масло)
- 250 милилитри пилешки бујон
- 150 милилитри павлака за готвење
- 100 грама свеж спанаќ
- 50 грама пармезан
- сол, бибер
- една лажичка италијанска зачинска мешавина (оригано, босилек)


Подготовка:

Пилешкото зачинете го со сол и бибер, па извалкајте го во брашно. Загрејте маслиново масло во тава и пржете го пилешкото додека не добие златна боја. Потоа извадете го на чинија.

Во истата тава додадете го лукот и сушените домати, па кратко пропржете. Додадете го пилешкиот бујон и оставете да зоврие, а потоа вратете го пилешкото. Намалете ја температурата и гответе 10 до 15 минути. Додадете ја павлаката, спанаќот и пармезанот, мешајте додека сосот не се згусне и спанаќот не омекне.

Послужете додека е топло, со ориз, тестенини или некое печиво.