Се урна дел од студентски дом во Русија, тројца повредени

Макфакс

05/05/2026

09:26

161

Големина на фонт

а а а

Три лица се повредени откако делумно се урнале покривот и два ѕида на студентски дом во рускиот град Малојарославец, пренесува ТАСС.

Според локалните власти, до уривањето дошло на третиот кат, а како можен причинител се наведува истекување на гас.

Една жена била извлечена жива од под урнатините и пренесена во болница со повреди на главата и нозете. Повредени се уште две лица.

Сите лица од објектот се евакуирани, а надлежните спроведуваат истрага за причините за инцидентот.