Јаник Синер стигна до финалето на Мастерсот во Мадрид и стана најмладиот тенисер во историјата што стигнал до финалето на сите девет турнири во оваа серија.
Тенисерот број еден во светот го победи Артур Фис со 6:2, 6:4 во полуфиналето и ја забележа својата 27-ма последователна победа на турнирите од Мастерс сријата, продолжувајќи ја својата неверојатна серија.
Пред него, само Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер го постигнаа овој подвиг, но во подоцнежните години – на 25, 27 и 30 години, додека Синер успеа на 24-годишна возраст.
Италијанецот ќе го игра своето петто последователно финале на Мастерсот, а негов ривал во борбата за титулата ќе биде Александар Зверев, против кого води со 9-4 во меѓусебните натпревари.
Доколку ја продолжи серијата, Синер би можел да стане првиот тенисер во историјата со пет последователни титули на турнири од оваа категорија.
🇮🇹 Jannik Sinner at 24y 256d is the youngest player ever to collect finals in all current ATP Masters 1000 ‼️#MMOpen pic.twitter.com/fEHii8sDIH
— TennisMyLife (@TennisMyLife68) May 1, 2026







