„Филипче повторно избега од пратенички прашања и од Франкфурт праќа поздрави за работниците на Меѓународниот ден на трудот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

01/05/2026

09:30

204

Големина на фонт

а а а

„Венко Филипче повторно се изгуби од јавноста. По денови и денови со секојдневни прес-конференции и јавни настапи, со критики за се и сешто, токму во моментот кога требаше да зборува од собраниската говорница, да испрати аргументирана критика и издржани прашања до претставниците на власта, Филипче повторно избега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера беше последниот четврток во месецот, резервиран за механизмот пратенички прашања, кога народните избраници имаат можност да упатат критики и да постават прашања до власта за сите нејаснотии и на лице место да добијат и одговори.

Но, како и многу пати досега, пратеникот Филипче, наместо да остане во Собрание и да си ја сработи платата за што е платен од парите на граѓаните, тој повторно не се појави.

Според нашите информации, додека во Собрание беше во тек седницата за пратенички прашања, наместо на говорница, Филипче бил на пат за Франкфурт, а во меѓу време, со лажна грижа за состојбите во државата, се јавува со статуси на социјалните мрежи.

Згора на тоа, Филипче тера продолжен викенд во европска дестинација токму на меѓународниот ден на трудот, а заедно со СДС најгласни беа за правата и платите на работниците.

Толку се грижат за работничките права СДС и Венко Филипче, што на нивниот ден ги оставаат сами на цедило, терајси одмори по европски дестинации.

Едно сигурно, со статус на социјални мрежи сигурно ќе се јави да го честита празникот, лиејќи крокодилски солзи дека многу се грижи за работниците“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ