Ако сте во потрага по брза и вкусна пица која е совршена за пикник или брз ручек за целото семејство, овој рецепт е вистинскиот избор за вас.
Со совршено крцкаво тесто и богат фил, ќе ги воодушеви сите. Со едноставни состојки, оваа пица можете да ја подготвите за миг, а покрај овие состојки, дополнително можете да ја наполните и со состојки по ваш избор.
- 500 гр. лиснато тесто
- 200 гр. салама (по избор)
- 200 гр. сирење (по избор)
- 1 лажичка оригано
- 6 лажици сос од домати
- сол, по вкус
- црн бибер, по вкус
- 1 јајце за премачкување

На набрашнета подлога развлечете го лиснатото тесто тенко, а потоа исечете го во форма на триаголници или коцки. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200°C, а тркалезниот калап обложете го со хартија за печење.
Во сад изматете го јајцето, а потоа премачкајте го тестото со сос од домати. Врз него ставете салама, сирење и посипете со оригано, сол и бибер по вкус. Преклопете го тестото, завиткајте ги рабовите и притиснете ги за добро да се затворат. На крај, избоцкајте ја пицата со виљушка и премачкајте ја со јајце.
Ставете ја во рерна и печете околу 20 минути, додека не добие златно-кафеава боја. Послужете додека е сè уште топла и крцкава.