Со силна уметничка енергија и инспиративна атмосфера, на 18 април во Македонскиот народен театар во Скопје беше отворено 22-то издание на фестивалот Танц Фест. Гала вечерта, предводена од ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, во придружба на врвни уметници и млади таленти, го означи почетокот на уште едно издание кое ја слави моќта на современиот танц.
И оваа година, фестивалот беше поддржан од Виталиа – компанија која континуирано вложува во развојот на културата и уметничката сцена во земјата. Како долгогодишен партнер, Виталиа веќе 13-та година по ред стои зад ТАНЦ Фест, придонесувајќи кон неговото одржување и раст.

Покрај поддршката, Виталиа оваа година донесе и дополнителна вредност за посетителите преку ексклузивна промоција на својата најнова линија на здрав чипс „Elements“ – иновативен производ создаден како поинаква, современа алтернатива во категоријата, инспирирана од динамиката и енергијата на модерниот начин на живот.
Танц Фест 2026 трае до 5 мај, кога на сцената на Народниот театар во Битола ќе биде изведена претставата „Будење“, со кореографија и режија на Рисима Рисимкин, во изведба на Скопје Танцов театар.
Во изминатите повеќе од две децении, фестивалот се етаблираше како значаен културен настан кој носи врвни уметнички продукции и создава простор за поврзување на уметници од различни земји и култури. Неговата континуирана реализација е резултат на посветеноста, но и на поддршката од компании кои ја препознаваат важноста на културата.
Од Виталиа истакнуваат дека поддршката на вакви настани е дел од нивната поширока визија за создавање вредности во заедницата:
„Уметноста има моќ да инспирира и обединува, а нејзиниот развој бара континуирана поддршка. Виталиа останува посветен партнер на иницијативи кои придонесуваат за развој на културата и општеството.“

Со своето присуство на Танц Фест 2026, Виталиа уште еднаш ја потврдува својата улога како бренд кој ги поддржува не само здравите навики, туку и културните вредности што ја обликуваат современата заедница.
















