Новиот „Audi RS 5“ викендов се докажува меѓу љубителите на „Formula 1“

Точка

30/04/2026

18:29

272

Големина на фонт

а а а

„Audi RS 5“ премиерно настапува како автомобил за „hot-lap“ возења на Големата награда на Мајами. Станува збор за првиот високоперформансен plug-in хибрид на брендот „Audi Sport“, кој со тоа стана и официјален автомобил на програмата „F1 Pirelli Hot Laps“.

Подготвен за патека

Новиот RS 5 развива максимална системска моќност од 470 kW, односно 639 КС, и достигнува брзина до 285 км/ч. Комбинира 2,9-литарски V6 битурбо мотор од 375 kW со електромотор од 130 kW. Особено се издвојува иновативниот quattro систем со „Dynamic Torque Control“, кој прецизно го распределува вртежниот момент кон тркалото со подобро прилепување, што ја прави возењето исклучително прецизно и динамично.


Зад воланот на двата модели RS 5 се наоѓаат искусните возачи Диндо Капело и Маркус Винкелхок. Капело е петкратен победник на трката „Sebring 12 Hours“, додека Винкелхок е трикратен победник на 24-часовната трка на „Nürburgring“. Автомобилите се подготвени без технички модификации, а специјалниот дизајн во титаниумска боја со црвени прстени е суптилна референца на болидот на „Audi“ во „F1“, R26.


Фокус на американскиот пазар

Настапот во Мајами не е случаен. „Audi“ има намера да ја зајакне својата позиција на американскиот пазар, вториот најголем автомобилски пазар во светот. Покрај новиот RS 5, брендот оваа година ја проширува SUV понудата со моделите Q9 и Q7, додека „Formula 1“, како глобално растечка платформа, служи како силна алатка за брендирање.


„Formula 1“ бележи значителен раст во САД, а сите три трки – во Мајами, Остин и Лас Вегас – се распродадени за сезоната 2025.