Со години носи широка облека, а сега дознавме и зошто: „Почувствував олеснување“

Кармин

29/04/2026

07:57

1.332

Големина на фонт

а а а

Пејачката Били Ајлиш (24) со години има препознатлив стил на облекување, а тоа е широката облека, во која се чувствува удобно, за што јавно проговорила. Таа открила дека тоа е последица на нејзиниот комплициран однос со сопственото тело пред да стане позната, кога имала 14 години.

Иако нејзиниот стил на облекување порано делувал необично, денес многумина го имитираат, а огромните, предимензионирани модни парчиња со години се на тронот на модните трендови. Меѓутоа, пејачката во минатото била на столбот на срамот и обидувала да го скрие своето тело под поголеми парчиња облека.


„Не сум првата која носи широка облека. Имав навистина, навистина токсичен однос со моето тело и многу проблеми со исхраната“, изјавила таа за списанието „Ел“ (Elle).


„Се сеќавам дека облекував, на пример, голема маица и чувствував олеснување“, рекла Ајлиш и додала дека ова не е единствената причина за таков моден избор.


„Истовремено, тоа беше мојата љубов кон хип-хоп културата и мојата желба да бидам маж. Тоа е таа мизогинија што сите ја имаме во себе … Не сакав да бидам перципирана како женствена, а со тоа и слаба. Тоа не е правилно. Најдов добар начин да не се чувствувам така“, рекла таа во едно интервју.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk