Кол со совет до Лампард: Стој подалеку од…

Дерби

27/04/2026

07:49

1.384

Големина на фонт

а а а

Френк Лампард во новата сезона повторно ќе го гледаме во Премиер лигата и тоа како предводник на Ковентри Сити, клуб кој успеа по долго време да го врати во елитната англиска конкуренција.

Тој ја презема оваа екипа во ноември 2024 година и успеа да направи извонредни резултати во првата сезона и го внесе во плејофот каде беше запрен од Сандерленд, но во тековнава кампања создаде група, состав кој ги мина сите пречки и се избори за место во ПЛ.

И покрај овие резултати постои одредена дилема дали Лампард ќе продолжи да биде на клупата, поточно неговото име се споменува како едно од потенцијалните стратези за испразнетото место во Челси. Френк е икона на „сините“, човек кој има огромна љубов кон клубот во кој има веќе работено, но неговиот поранешен соиграч Џо Кол го советува да заборави на тоа и ако дојде понуда да ја одбие.

-Френк треба да се држи подалеку од тоа [работата во Челси]. Искушението за Френк, бидејќи го сака клубот, би било да се врати и да му даде уште еден пресврт. Тој заврши фантастична работа во Ковентри. Никој не би го поддржал Ковентри за промоција на почетокот од сезоната. Тој има вистински предизвик да ги задржи во лигата следната сезона, -порача Кол.