СДСМ: Пресудите за „27 април“ беа врз основа на докази, а не на политички налог

Макфакс

27/04/2026

16:42

133

Големина на фонт

а а а

СДСМ реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за случајот „27 април“, обвинувајќи го дека јавно ја рехабилитира, како што велат, насилната банда која учествувала во упадот во Собранието во 2017 година.

Од партијата оценуваат дека е срамна и опасна ревизија на фактите тоа што Мицкоски случајот го нарекол политички монтиран и тврдел дека невини луѓе биле прогласени за терористи.

„27 април беше организиран обид за државен удар во режија на ВМРО и Никола Груевски“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека осудените биле прогласени за виновни врз основа на докази, а не по политички налог.

Партијата порача дека нема да дозволи, како што велат, рехабилитација на насилниците и повтори дека 27 април претставува напад врз демократијата, а не политички случај.