[ВИДЕО] Јане Ченто поднесе кривична против Русковска: Имаме изјава од сведок дека дал лажен исказ за „27 април“, случајот е монтиран

Макфакс

27/04/2026

14:44

709

Големина на фонт

а а а

Јане Ченто, еден од осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, заедно со дел од обвинетите кои подоцна беа амнестирани, поднесе кривична пријава против поранешната јавна обвинителка, Вилма Русковска до Јавното обвинителство.

Пријавата се однесува на сомнежи за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба во постапката за случајот „27 април“.

Ченто изјави дека до обвинителството доставиле докази кои, според него, го доведуваат во прашање начинот на кој била водена истрагата и целиот судски процес.

Како еден од клучните докази, тој посочи нотарски заверена изјава од сведок кој тврди дека неговиот исказ во постапката бил невистинит и дека му било ветено олеснување во други кривични постапки доколку сведочи на одреден начин.


„Доказите укажуваат на комуникација меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во оваа постапка, меѓу брат на еден висок функционер и сведок, на можни договори со обвинителот како и насочување на сведочењето што го даде сведокот во таа постапка. Сведокот со изјава заверена на нотар изјавува дека неговиот претходен исказ даден во постапката бил невистинит и дека на истиот му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки доколку даде таков исказ. Дополнително постои вештачење од овластен судски вештак од телефони кои ја поткрепуваат изјавата од сведокот заверена на нотар. Го повикувам Јавното обвинителство да ја разгледа пријавата и доказите темелно“, порача.

Доаде дека ова не е веќе политичка тема, туку случај во кој имаат основано сомнение дека се користеле незаконити докази, се вршел притисок врз сведоци и се донела пресуда врз основа на монтирана постапка.