Мицкоски за „27 април“: Невини луѓе станаа терористи во политички монтиран процес, направија престап, но не се терористи

Макфакс

27/04/2026

13:46

473

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека случајот „27 Април“ бил политички монтиран процес во кој, според него, невини луѓе биле прогласени за терористи.

Одговарајќи на новинарско прашање за одлуката на Апелација поврзана со случајот, Мицкоски изјави дека обвинетите направиле престап и требало да одговараат за него, но не и за тероризам.

„Тука станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната власт. Според мене, невини луѓе беа прогласени за терористи. Тие направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, но за жал одговараа за тероризам, нешто што беше невидено“, рече Мицкоски.


Тој додаде дека за случувањата од тој период, како што наведе, сведочеле и обвинители и судии, споменувајќи наводи за политички притисоци, уцени и политички наредби.

„Би рекол ова е еден тажен процес“, изјави премиерот.