Тој е најважниот актер на сите времиња – научно докажано! Работеше повеќе од 60 години, а никогаш не беше номиниран за Оскар

Точка

24/04/2026

22:30

505

Големина на фонт

а а а

Веројатно не би се сетиле на него „од прва“, но станува збор за човек со завидна кариера и исклучителен талент, кој работеше до позни години и беше дел од најголемите холивудски проекти.

Кој е најдобриот актер на сите времиња не е прашање на кое лесно се одговара, како ни на дилемите кој е најпопуларен, најшармантен, најубав, но науката дојде до одговор на прашањето кој е најважен.

Студентот по математика Рид Луис од Универзитетот во Кардиф спровел интересно истражување, во кое со помош на програмскиот јазик „Python“ и алатката „NetworkX“ анализирал колку актерите се меѓусебно поврзани. Користејќи податоци од платформата „IMDb“, направил голема мрежа на соработки и се обидел да открие кој зазема централно место во таа „филмска мрежа“.

Според резултатите, како најважна фигура во овој систем се издвоил британскиот актер Кристофер Ли.


Во анализата биле земени предвид три клучни критериуми:

- колку различни колеги имал актерот,
- колку често се појавува како „врска“ помеѓу други актери
- колку е „оддалечен“ од остатокот на индустријата во просек.

Иако по бројот на соработници предничеле индиските актери како Насар, Кристофер Ли имал подобри резултати во другите важни параметри, што на крајот го довело на врвот на листата на најповрзани.

Податоците покажуваат дека од него до кој било друг актер во просек се потребни помалку од три чекори. Огромното мнозинство (околу 86 проценти) може да се поврзе со него преку четири „врски“, додека речиси сите останати стигнуваат до него во пет или помалку чекори.

Сето тоа јасно покажува колку тој бил присутен и поврзан во рамките на филмската индустрија.


Ваквиот висок резултат може да се објасни со долгата и богата кариера на Ли, која траеше повеќе од шест децении.

Во текот на тој период тој се појави во бројни проекти, вклучувајќи големи продукции со богати актерски екипи како што се франшизите „The Lord of the Rings“ и „Star Wars“. Токму таквите улоги му овозможиле да соработува со актери од различни генерации и од разни делови на светот, со што дополнително ја зацврстил својата позиција во „центарот“ на филмскиот универзум.

Кристофер Ли почина во 2015 година, а пред крајот на животот, иако беше во деведесеттите години, и понатаму снимаше успешни филмови.