Американските претставници во Исламабад на нови разговори со Иран

Макфакс

24/04/2026

19:26

171

Големина на фонт

а а а

„Ројтерс“ и „Си-Ен-Ен“ објавуваат, повикувајќи се на американски претставници, дека специјалниот американски претставник Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, патуваат во Исламабад на нова рунда разговори.

Двата медиума велат дека таму треба да се сретнат со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, кој претходно потврди дека патува во пакистанскиот главен град.

Според достапните информации, разговорите би можеле да се одржат во текот на викендот, додека американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во моментов не учествува, но е во режим на подготвеност доколку разговорите напредуваат.