[ВИДЕО/ФОТО] Несреќата во Кисела Вода добива црн биланс: Еден работник загина, тројца се повредени на градилиште во Скопје

A1ON.MK

24/04/2026

11:20

1.732

Големина на фонт

а а а

Еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако беа затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје.

Докторот Панов изјави дека според првичните информации, повредените најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што рече, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.



– Интервениравме со четири амбулантни возила, рече доктор Панов.

Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека изутринава во 8.17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја се затрупани тројца работници.


– Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, велат од МВР.