[ФОТО] „Избери љубов без етикета“: Дигиталниот магазин Хедонист направи прекрасна фотосесија со кучињата на ЈП Лајка

Точка

23/04/2026

19:36

289

Големина на фонт

а а а

Дигиталниот магазин Хедонист го посвети новото издание на, како што велат, оние што тивко ни го менуваат денот, на кучињата што сè уште го чекаат својот човек.

По иницијатива на магазинот, во соработка со ЈП Лајка и низ објективот на професионалните „A Perfect Pawtrait“, запознаваме повеќе од само слатки лица, запознавме карактери, секое со своја енергија, навики и приказна.

„Посвојувањето не е само убав гест, туку избор за поинакво секојдневие, а доколку ти сакаш да го промениш своето, слободно обрати се до тимот на ЈП Лајка или Хедонист и разубави си го животот“, стои во описот на фотографиите.


Модели на оваа прекрасна фотосесија се кучињата од Лајка, како малите Белчиња (2-3 години), темпераментниот Деко (2,5 години), Коки кој ужива во друштво (7+ години), Пума (3 години) која се најде на насловната страница, Бен (5+ години) за кој пишува дека бил напуштен од своите сопственици, енергичната Питли (3 години) и многу други.

Фотосесијата и општо целата иницијатива која порачува „вдоми, не купувај“ наиде на бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.