Славната Касандра воодушеви со фотографиите во костим за капење: На 51 година има тело на кое завидуваат и двојно помлади

Кармин

23/04/2026

19:00

979

Големина на фонт

а а а

Во деведесеттите години на минатиот век речиси и да немаше куќа во која секоја вечер семејството не се собирало за да ја гледаат омилената латиноамериканска сапуница „Касандра“. Љубовната приказна на главната хероина која пораснала во циркус и на богатиот наследник Ингасио, генерациите ја следеа без трепкање од недела во недела, а токму оваа улога ја прослави Кораима Торес.

Касандра, која денес има 51 година, и понатаму плени со убавина. Таа на социјалните мрежи често споделува атрактивни фотографии, а сега покажа како изгледа без грам шминка.


Иако чекори во шестата деценија, Кораима е и понатаму вистинска убавица, но не крие дека многу води сметка за својот изглед. Често на своите следбеници таа им покажува како изгледаат нејзините тренинзи благодарение на кои гордо позира во бикини.

Касандра ги покажа „челичните“ стомачни мускули

Актерката неодамна сподели фотографија во тиркизно бикини на јахта, позирајќи со „челичните“ стомачни мускули, кога многумина забележаа дека има значително поизразено деколте отколку во серијата.


Инаку, славната Касандра е родена на 6 јуни 1973 година во Валенсија во Венецуела, како најмладо од четири деца. Со актерство почнала да се занимава кон крајот на осумдесеттите, во теленовелите „Гарденија“ и „Алондра“.

Публиката во регионот ја обожаваше оваа актерка која со својата животна приказна анимираше милиони гледачи, нејзините солзи и среќа беа и емотивни моменти на публиката.


Да потсетиме, Кораима е во брак со колегата Николас Монтеро, со кого го има синот Мануел Николас. Многу е активна на ТикТок и Инстаграм, каде постојано снима смешни видеа и не престанува да воодушевува со атрактивниот изглед во шестата деценија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk