Робот создаден со вештачка интелигенција победил елитни играчи во пинг-понг

Точка

23/04/2026

18:46

294

Големина на фонт

а а а

Роботот создаден со вештачка интелигенција (AI), наречен „Ајс“, кој го развила компанијата „Sony AI“, ги победил елитните играчи во пинг-понг во три од пет мечеви, додека ги загубил дуелите против професионалците, остварувајќи една победа во седум натпревари.

Мечевите се играле според официјалните правила, а системот покажал способност да контролира спин, да враќа непредвидливи удари и да изведува сложени потези, кои некои играчи ги оценија како исклучително тешки, пренесе британскиот „Телеграф“.

Роботот користи автономна роботска рака со осум зглобови на мобилна база, специјално дизајнирана за брза реакција и прецизност потребна во пинг-понгот.

Експертите оценија дека резултатите укажуваат на брз напредок на вештачката интелигенција, иако предупредуваат дека таквите успеси не ги решаваат пошироките предизвици во роботиката, како што е општата манипулација со предмети.

Професорот Јан Петерс од Техничкиот универзитет во Дармштат го опишал проектот како „импресивен“, но нагласил дека за поширока примена се потребни дополнителни инженерски решенија и напредок во други области на роботиката, пренесе Танјуг.