Сенида никогаш не закрепнала од оваа загуба: „Мислев дека нема да преживеам...“

Точка

22/04/2026

14:59

639

Големина на фонт

а а а

Пејачката Сенидa на професионален план бележи големи успеси, додека својот приватен живот главно го држи далеку од очите на јавноста.

Сепак, пред неколку години таа одлучила искрено да проговори за еден од најтешките периоди во својот живот — загубата на нејзината мајка, која оставила длабока трага.


Како што открила, иако поминале повеќе од една деценија од тој болен момент, тагата не исчезнала, туку и денес е подеднакво силна.

„За друго не знам, цел живот гледав една жена која правеше сè сама, мојата мајка. Можеби и поради тоа имам проблем во приватниот живот. Јас сум јас. Сè знам сама, дури и она што не треба или не морам. Тоа знае да биде проблем за некои мажи, но и за некои жени, јас всушност сум маж“, почнала Сенидa и додала дека последните два албума ѝ ги посветила токму на неа.


„Искрено зборувам, ,,Bez tebe“ е првиот албум без мама. Имаше една песна на албумот, ме потсетуваше на неа. Кога ја работев во студио, веднаш почнаа солзите, веднаш знаев дека така ќе ја наречам, и ѝ го посветив албумот. Вториот албум “Za tebe“, може да биде и за мојата душа, но е посветен на неа, затоа што таа секогаш велеше: ‘Дај ми нешто поживо, дај ми нешто повесело’, а на вториот албум имам многу такви живи песни, може да се најдат. Ги сакаше позитивните песни“, раскажала пејачката.

Сенидa признала дека нејзината мајка ѝ била најголема поддршка и личност која ѝ го обликувала карактерот.


„Од нејзината смрт поминаа десет години. Не е лесно. Ни денес не е лесно. Тогаш мислиш дека нема да преживееш, ако ѝ се случи нешто, одам и јас по неа, но ете, тука си, одиш ден по ден. Како да е полесно, но се сеќаваш на спомените и се прашуваш ‘Каде е таа личност? Каде е таа личност и зошто ја нема?’ Не е лесно, особено кога имаш потешки денови. Навистина е тешко, но не смееш да се препуштиш на тие моменти“, открила за порталот „Nova“.