Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање на опозициски фронт, Зоран Заев и Зоран Башановиќ со директни насоки и упатства, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако не добивме демант од страна на генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ за средбата која се одржала во Скопје, денес го откриваме и вториот важен играч во целата оваа игра.
Имено, станува збор за Јован Ратковиќ, за кој според јавно достапните информации, знаеме дека е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која инаку е дел од Партијата на Европски Социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската СДС на Заев.
Зошто е важен господинот Јован Ратковиќ, затоа што станува збор за човек кој е еден од основачите на движењето „Отпор!“ од Србија, кое одигра пресудна улога во соборувањето на српските власти на почетокот на милениумот“.
Како што додаде Манасиевски, според, како што рече, јасните инструкции и насоки од Башановиќ и Заев, тројката составено од Бранко Ружиќ, Јован Ратковиќ и Александар Саша Димитријевиќ, се имаат сретнато на средба во Скопје на која било дискутирано за натамошните дејствија на овој таканаречен опозициски фронт во Србија.
„За жал, СДС се става на услуга на друга партија во друга држава, додека нивната партија во Македонија има рејтинг кој се мери на една шака.
СДС предводена од чиракот на Заев, Филипче и неговиот послушник Димитријевиќ, за жал се распаѓа поради послушноста кон врховниот лидер Заев, чиј доказ е неговиот пречек на роденденот на СДС.
Се додека СДС не се дистанцира и огради од Зоран Заев, нема да застане на нозе“.











