Груевски има унгарски и српски пасош, велат од СДСМ

Макфакс

21/04/2026

17:15

350

Големина на фонт

а а а

Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош, велат од опозициската партија.

Како што додаваат, ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е, според нив, дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски.

„Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за екстрадиција е намерно оставање простор на Никола Груевски и негова заштита.

Додека други држави, како Полска на пример, постапуваат брзо, Мицкоски му купува време на Груевски.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не прват. Не сакаат да го вратат Груевски во Македонија и не сакаат да одговара пред правдата“

Ова, оценуваат од СДСМ, е класична заштита на Никола Груевски од страна на Христијан Мицкоски.