По повод Европската недела на имунизација за 2026 година, која се одбележува од 19 до 25 април под глобалното мото „Вакцините делуваат за секоја генерација“, овие два дена во општина Кисела Вода интензивно се спроведуваат едукативни презентации посветени на важноста на вакцинацијата.
Со цел подигнување на свеста и едукација на младите и родителите, во општина Кисела Вода со овие активности се опфатени две основни училишта, ООУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода. Предавањата ги реализираат искусни здравствени работници кои се дел од превентивните тимови при поликлиниките „Драчево“ и „Јане Сандански“, кои во изминатата календарска година, постигнаа исклучително висок опфат на имунизација кај предучилишните деца.
Од здравствениот дом посочуваат дека овој одличен резултат е плод на континуираната и успешна соработка помеѓу локалната самоуправа и Службата за превентивна здравствена заштита (ППСЗЗ) Кисела Вода. Благодарение на заедничките активности, неуморната едукација и посветеноста на терен, ППСЗЗ Кисела Вода е препознаена како позитивен пример на државно ниво. За овие заложби, установата неодамна доби и официјални пофалби од Националната комисија за имунизација при Министерството за здравство.
Европската недела на имунизација има за цел да понуди едукација и информирање на граѓаните околу процесот на имунизација и прашањата поврзани со јавното здравје







