СДСМ: Власта сака да ја укине техничката влада

Макфакс

21/04/2026

14:05

162

Големина на фонт

а а а

Од СДСМ обвинуваат дека граѓаните се соочуваат со зголемени цени и влошен животен стандард, додека, како што велат, владата на Христијан Мицкоски нема конкретни решенија.

Според нив, нема раст на платите и мерки за подобар стандард, а економијата бележи пад. Тврдат дека буџетот се соочува со недостиг на средства, што, како што наведуваат, може да доведе до избори.

СДСМ обвинува дека власта „шверцерски“ подготвува измени на Законот за Влада со цел укинување на техничката влада, која ја оценуваат како клучен механизам за контрола во изборен период.

Од партијата тврдат и дека има пад на довербата во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и дека институциите се партизирани, со контрола врз обвинителството, судството и МВР.

Во соопштението се наведува дека институциите не постапуваат по пријави за корупција, додека, како што велат, се спроведува „црна кампања“ преку медиуми поврзани со Виктор Орбан.

СДСМ предупредува дека евентуално укинување на техничката влада би било, како што наведуваат, директен удар врз демократијата и фер изборите, додавајќи дека ќе се спротивстават на таквите обиди.