Видеолотарија Касинос Австрија и годинава застана зад јубилејното 25-то издание на Виенскиот бал во Македонија, еден од најелегантните и најпрестижни културни настани, кој веќе четврт век ја негува традицијата, уметноста и духот на европската култура.
Поддршката на вакви настани не е случајна, туку дел од јасната и долгорочна определба на Видеолотарија Касинос Австрија за вложување во културата, младите таленти и интернационалната соработка, вредности кои создаваат силно и инспиративно општество.

Виенскиот бал претставува повеќе од настан, тој е симбол на елеганција, достоинство, отменост и хуманост. Видеолотарија Касинос Австрија ја препозна неговата уникатна вредност и со особена чест ја поддржа оваа културна манифестација.
За нас, Виенскиот бал е платформа каде се среќаваат елеганцијата, младоста, уметноста и традицијата, во совршена хармонија. Со поддршката на овој настан, ја потврдуваме нашата посветеност кон вредностите што ја градат културата и ја издигнуваат заедницата.

Настанот, кој традиционално се одржува под покровителство на Амбасадата на Република Австрија, Град Виена и Министерството за култура и туризам, а во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, годинава го одбележа својот значаен јубилеј во хотелот „Александар Палас“.
Видеолотарија Касинос Австрија останува доследен поддржувач на иницијативи што носат вредност, инспирација и културен напредок, продолжувајќи да инвестира во проекти кои оставаат траен белег во македонското општество.







