Сколс ја подбра најскапата ѕвезда на Арсенал: Тој не се појави на „Итихад“

Дерби

21/04/2026

13:09

312

Големина на фонт

а а а

Во редот на голем број познати имиња кои направија анализа на големото дерби на „Итихад“ се приклучи и Пол Сколс, кој во својата анализа за случувањата на дербито, издвои неколку имиња кои го одбележаа мечот.

Победата од 2:1 на Манчестер Сити ја разгорува битката за титулата повеќе од било кога, но ако Сколс остана воздржан од давање прогнози за тоа кој ќе ја освои титулата, реши да направи анализа на перформансите кои ги понудија главните актери на теренот.

– Двата тима имаа големи шанси, но разликата ја прават играчите. Халанд ја погоди својата шанса и постигна гол, едноставно мора да бидете убиствен во такви ситуации. Од другата страна, Каи Хаверц не го направи тоа и не донесе барем бод за својот тим.

– Да бидам искрен, не ја сфатив и одлуката на Артета да го повлече Езе. Тој беше еден од најдобрите играчи на теренот, па сигурно и неговите соиграчи останаа зачудени од одлуката на Артета. Подобро ќе беше да ги извади од игра Зубименди или Рајс.

– На вакви натпревари, на крајот треба да се зборува за играчите кои истапуваат во вистински момент. За мене, играч број еден беше Бернардо Силва, тој е неверојатен. Тој е играч кој може да ви донесе титула, беше на сите страни на теренот. На вакви големи натпревари како овој во неделата, треба да истапат големите имиња. Каде беше Деклан Рајс? Тој е одличен играч, но едноставно не се појави на дербито, – порача Сколс.