Пред Елисејската палата во Париз, францускиот претседател Емануел Макрон ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони, која престојуваше во градот поради меѓународна конференција за безбедноста на пловидбата низ Ормускиот теснец.
За време на средбата пред камерите разменија вообичаен дипломатски поздрав со прегратка и бакнеж во образ, а снимката од тој момент брзо се прошири на социјалните мрежи.
Изгледаше дека Мелони накратко беше изненадена, како да очекуваше формално ракување, но набрзо ја продолжи средбата со насмевка.
French President Emmanuel Macron and Italian Prime Minister Giorgia Meloni shared a rather awkward and unusual hug right in front of the cameras.
— NEXTA (@nexta_tv) April 17, 2026
The video quickly went viral online. pic.twitter.com/NQHnhRmDEt
Нивниот однос веќе подолго време привлекува внимание во јавноста поради разликите во политичките ставови и пристапите кон клучните европски прашања.
На конференцијата во Париз, одржана на иницијатива на Макрон, учествуваа околу 30 земји кои разгледуваа формирање меѓународна мисија за заштита на пловидбата низ Ормускиот теснец, додека Соединетите Американски Држави не се дел од таа иницијатива.
Наредниот состанок е планиран следната недела во Нортвуд кај Лондон, а понатамошните потези ќе зависат од развојот на примирјето и евентуалното продолжување на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран.






