[ФОТО] Никој како првата дама на Франција: Брижит Макрон на сите навреди одговара со тесен фустан

Кармин

17/04/2026

17:46

457

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит беа домаќини на претседателот на Мавританија, а по тој повод првата дама на Франција повторно блесна во избраното модно издание.

И покрај тоа што Брижит многу често е мета на негативни коментари, нејзините модни изданија секогаш заслужуваат пофалба.



За оваа пригода, контроверзната Брижит го избрала најдоброто. Црвениот долг фустан што ја следи линијата на телото совршено ја истакнал нејзината силуета, а едноставниот крој ја нагласил елеганцијата и одмереноста.


Црните салонки и златниот накит го заокружиле целиот изглед, а Брижит, како и обично, не сакала да претерува со деталите. Минимализмот е она што таа го негува со години и што најдобро ѝ прилега.


Косата ја стилизирала во пунџа со својата препознатлива шминка со нагласен црн молив на очите. Заедно со својот сопруг била домаќинка на другата претседателска двојка и уживала во вниманието што го привлече на приемот во Елисејската палата во Париз.



Од друга страна нејзиниот сопруг за оваа пригода избрал класичен црн костум во комбинација со бела кошула и црна вратоврска, па воопшто не заостанувал зад својата сопруга кога станува збор за елеганцијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk