Полициски „Lamborghini“ поминал 358.000 км – и понатаму има фабрички V10 мотор и менувач

Точка

16/04/2026

13:41

485

Големина на фонт

а а а

За разлика од повеќето егзотични автомобили кои поголем дел од животот го поминуваат во гаражи, полицискиот "Huracan" е секојдневно во употреба.

„Lamborghini Huracan“, кој од 2017 година е во служба на италијанската полиција, стана вистинска автомобилска сензација.

Овој суперспортски модел досега има поминато дури 358.000 километри, што е исклучително ретко за автомобил со вакви перформанси.


За разлика од повеќето егзотични автомобили кои најголем дел од животот го минуваат во гаражи, полицискиот "Huracan" се користи секојдневно.

Покрај тоа што служи за пресретнување пребрзи возачи на автопат, неговата важна улога е и транспорт на органи за трансплантација, каде што брзината и сигурноста се од клучно значење, пренесува "Revija HAK".


Особено импресивен е податокот дека автомобилот и понатаму го користи оригиналниот V10 мотор и фабричкиот менувач.

Овој пример уште еднаш потврдува колку моделите на „Lamborghini“ се механички издржливи ако се одржуваат правилно, дури и кога работат во услови на максимално оптоварување.