[ФОТО] Сенидах целосно гола: Направи селфи во бања, градите ги покрива со рацете, следбениците во транс

Точка

14/04/2026

21:26

875

Големина на фонт

а а а

Сенидах објави провокативна фотографија од туш-кабина и ги запали социјалните мрежи — реакциите не престануваат!

Словенечката пејачка Сенида Хајдарпашиќ повторно крена прашина на социјалните мрежи — и тоа без никаква задршка. Овој пат позираше целосно гола во бања, покривајќи ги градите со рацете, додека селфито од туш-кабината заврши директно на нејзиниот „Instagram“.

На себе имаше само накит, а кадарот од бањата јасно покажа дека решила да оди чекор подалеку и дополнително да ја разбуди фантазијата на следбениците. Фотографијата за рекордно време предизвика лавина реакции, а коментарите не престануваат да пристигнуваат.

Едни ја фалат за самодовербата и смелоста, додека други сметаат дека претерала — но едно е сигурно, Сенидах повторно успеа да биде главна тема на мрежите.


Сенидах за бегањето од проблеми

Да потсетиме, Сенидах неодамна откри на што се потпира кога ѝ е тешко.

„Сакам да бидам сама, сакам да бидам сама и кога сум среќна и кога сум несреќна, кога ми е тешко, но некако сакам да избегам од проблемите, така ќе кажам. Патувам, но тоа е проблем, тоа е бегање. Мислам дека ќе ми биде полесно кога ќе избегам во друга држава на 2-3 дена, но тоа те стигнува и таму“, изјави пејачката за „Telegraf“.


Купува стан во Белград

Се шпекулира дека Сенида сака да купи стан и во Белград. Како што пренесуваат медиумите, пејачката има намера да купи недвижност, и тоа во елитен дел од српската престолнина.

„Во оваа зграда се најубавите станови. Погледот вреди милион долари. Неодамна за недвижност се интересираше и Сенидах. Станот што ѝ се допаѓа е идеален, вредноста е околу 360.000 евра. Веруваме дека ќе го купи, но ќе видиме. Цената е вистинска ситница за луксузот што го добивате. Таа знае што вреди“, изјавил агент за недвижности, пишува српски "Kurir"

Се претпоставува дека Сенидах сака да си обезбеди дом во Србија, бидејќи и таму е една од најбараните изведувачи.