Ако претеравте со јајца оваа година и сега не знаете што да правите со нив, еве одлична идеја.
Грев е да се фрлат велигденски јајца, затоа денес многу домаќинки посегнуваат по трикови за да го искористат секое парче.
Еве одлични рецепти за тоа како можете да ги користите, а воедно ќе уживате во нивниот вкус до максимум. Пред вас се 2 одлични рецепти, едниот за полнети јајца, другиот за вкусна салата.

Полнети јајца
Потребни ви се:
10 јајца;
100 г мајонез;
3 лажици сенф;
малку сол;
100 г павлака.
Подготовка:
Исечете ги варените јајца на половина и извадете ги жолчките. Изгмечете ги жолчките и измешајте ги со мајонез, сенф, додадете сол и малку павлака. Вратете ја смесата во белките (можете да користите шприц за поубав изглед). По желба посипете со пиперка, магдонос или млад кромид.
Протеинска салата
Потребни ви се:
10 јајца;
1 конзерва туна или 200 г пилешко;
зелена салата;
домати;
краставици;
маслиново масло;
сок од лимон.

Прилагодете ја количината по вкус.
Подготовка:
Излупете ги јајцата и исечкајте ги на коцки, потоа додадете ја туната или пилешкото и другиот зеленчук. Потоа сол, масло и сок од лимон. Салатата е готова и неодолива.
Уживајте во вкусниот оброк!







