Рој Кин: Керик не е тренер за Манчестер Јунајтед

Макфакс

14/04/2026

13:33

309

Големина на фонт

а а а

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го критикуваше Мајкл Керик по поразот од Лидс.

Иако резултатот беше во сенка на судиските одлуки, Рој Кин жестоко ја критикуваше играта Јунајтед и вели дека била под просекот.

Кин досега беше еден од најголемите критичари на Мајкл Керик, синоќешниот пораз му овозможи повтороно да „удри“ по тренерот.

„Како што реков претходно и ќе продолжам да велам – Керик не е вистинскиот човек за оваа работа. Луѓето мислат дека сум премногу строг, го кажувам сето ова од некои други причини, но што повеќе треба да се случи за да го да видат тоа? Имаа 24 дена да се подготват за натпреварот на „Олд Трафорд“ против Лидс, и она беше нивната игра? Средниот ред не постоеше, особено во првото полувреме, играа без енергија и интензитет. Кога толку лошо ќе го започнете натпреварот, потешко е да го подигнете тимот и да се опоравите подоцна. Јунајтед не изгледаше како тим кој знае што да прави и да одговори на тоа. И кога го кажувам гласно го кажувам тоа, луѓето велат дека сум негативен. Овој клуб бара стандарди, а тие стандарди под Мајкл Керик се далеку.“

Јунајтед е сè уште трет на табелата со 55 бода, колку што има и Астон Вила, додека Ливерпул сега има само три помалку.