[ВИДЕО] Момче од Србија предизвика хаос на социјалните мрежи: Зошто за неколку дена го заследија речиси 150.000 луѓе?

Точка

14/04/2026

07:40

2.672

Големина на фонт

а а а

12-годишниот Виктор Митиќ од Србија го привлече вниманието на корисниците на Инстаграм со интересен предизвик. Имено, тој хекла еден чвор за секој нов следбеник на споменатата социјална мрежа, а сака да го оствари својот сон и да го исхекла најголемиот килим во Србија.

На Инстаграм се претставува како Хеклач Виктор, а во описот на профилот навел:

„Сакам да хеклам и тоа ми прерасна во хоби. Знам дека некои деца сакаат и да ме навредуваат поради тоа, но јас нема да се откажам и ќе продолжам да хеклам за следбениците“.


Профилот го направил минатата недела, а веќе има речиси 150.000 следбеници. Сè повеќе луѓе го следат од минута во минута. Претходно вчера објави ново видео.

„Ден 4 како додавам еден чвор за секој следбеник додека не стигнеме до најголемиот килим што некогаш е изхеклан. Денес имам 138.000 следбеници. Повторно ме изненадивте. Значи, денес имам многу работа и повторно ќе биде многу, многу напорен ден. Да се фрлиме на акција“, рече и покажа како хекла.

Ова симпатично момче ги освои срцата на многумина кои му посакаа да успее во овој предизвик.

„Ајде што легендата многу убаво плете, туку јас сум вчудоневиден колку убаво зборува“, „Полека со чворовите, не обрнувај внимание на лошите коментари и со среќа“, „Малиот има храброст, морам да признаам“, „Најубавото нешто што сум го видела на Инстаграм“, се дел од коментарите.