Сатон со прогноза за колото во ПЛ: Ливерпул и Тотенхем ќе ги разочараат своите навивачи

Дерби

10/04/2026

15:21

173

Големина на фонт

а а а

Поранешниот премиерлигашки напаѓач, Крис Сатон, продолжи со своите прогнози за резултатите во англиското првенство, а во претстојното коло не очекува кикс на екипите кои водат битка за шампионската титула.

Сатон смета дека Арсенал нема да има големи проблеми со незгодниот Борнмут, додека Манчестер Сити ќе ги освои трите бода на дербито со Челси во Лондон.

И вториот клуб од Манчестер ќе обезбеди победа и тоа против Лидс, но Ливерпул нема да го победи Фулам на домашен терен.

Сатон не е оптимист и за Тотенхем и очекува новиот менаџер Роберто Де Ѕерби да доживее пораз на дебито против Сандерленд.

Прогноза на Сатон:

Вест Хем-Волвс 2:1

Арсенал-Борнмут 2:0

Брентфорд-Евертон 1:1

Барнли-Брајтон 0:1

Ливерпул-Фулам 2:2

Кристал Палас-Њукасл 1:1

Нотингем Ф-Астон Вила 1:1

Сандерленд-Тотенхем 1:0

Челси-Манчестер Сити 1:2

Манчестер Јунајтед-Лидс 2:1