Брутална критика: Џерард и Карагер распалија по еден играч на Ливерпул

Дерби

10/04/2026

12:32

287

Големина на фонт

а а а

Арне Слот се одлучи за систем со пет дефанзивци со цел да има подобар баланс на „Паркот на принцовите“, но наместо тоа, холандскиот стручњак мораше да гледа како неговиот тим е целосно разбиен и надигран во натпревар во кој единствена добра вест е што примија само два гола.

Самиот Слот по крајот на средбата нагласи дека можат да бидат среќни што се враќаат само со „две парчиња“ во својата мрежа, па иако тоа остава простор за позитивни мисли пред реваншот, реалната слика не ветува премногу.

Со игра како онаа во средата на „Паркот на принцовите“, Ливерпул нема да има никаква шанса против расположениот европски шампион, а тука во прв план е лошата игра во одбрана.

Иако целиот тим потфрли, убедливо најлош повторно беше Ибрахима Конате, па Стивен Џерард и Џејми Карагер не пропуштија да го издвојат неговиот ужасен перформанс.

– Конате е цврсто момче и мора да се однесува така на теренот. Мораше да биде поблиску до Дуе во акцијата за првиот гол. Мора да биде подобар за да го добие дуелот и да не му дозволи на противникот да шутира. Одбраната на Ливерпул изгледа целосно несинхронизирана, – изјави Џерард, а далеку подрзок беше Карагер.

– Неговите перформански се ужасни цела сезона, а тоа го покажа уште еднаш на највисока сцена. Тој прави грешки на секој можен натпревар!, – порача Карагер, кој беше критички настроен и за целокупното издание на Ливерпул.

– Да бидам искрен, немаше да биде чудно ако Ливерпул си заминеше со пет или шест голови во мрежа. Ова изгледаше на натпревар како ПСЖ да игра против тим од понизок ранг, од пониска дивизија. Резултатот е единствено добро нешто од овој меч, – брутално заврши Карагер.