Трамп: Иран не смее да им наплаќа на танкерите за премин низ Ормускиот теснец

Макфакс

10/04/2026

09:25

549

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека Иран не треба да им наплаќа на танкерите за премин низ Ормускиот теснец, по медиумските извештаи дека Техеран размислува за воведување такви такси. „Постојат извештаи дека Иран им наплаќа на танкерите за премин низ Ормускиот теснец“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

„Подобро да не го прават тоа, а ако го прават, треба веднаш да престанат“, додаде тој.

Иран размислува за плаќања со криптовалути

Иран би можел да бара плаќања со криптовалути за време на двонеделното примирје со САД, објави „Фајненшл тајмс“, цитирајќи го Хамид Хосеини, претставник на Здружението на извозници на нафта, гас и петрохемикалии. Западните лидери се спротивставија на можноста за наплата за премин низ теснецот. Трамп во посебен пост изјави дека „нафтата повторно ќе почне да се движи, со или без помош на Иран“