Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и Гренланд за иднината на островот, со фокус на ограничување на влијанието на Русија и Кина на Арктикот.
Тој оцени дека Трамп е во право за ризиците во регионот и нагласи дека НАТО треба да има посилна улога, вклучително и преку иницијативата „Арктички стражар“.
Во меѓувреме, данскиот министер за надворешни работи порача дека Трамп не се откажува од идејата за Гренланд, која повторно предизвика тензии во рамки на НАТО.








