„Лажат за мене и Епстин“: Меланија Трамп остро ги негира обвинувањата

Макфакс

09/04/2026

21:50

364

Големина на фонт

а а а

Првата дама на САД, Меланија Трамп ги осуди лагите што ја поврзуваат со Џефри Епстин и порача дека никогаш не била во никаква врска со него или со Гислејн Максвел, пренесе „Си-ен-ен“.

Таа нагласи дека со Епстин и сопругот Доналд Трамп можеби се сретнувале на исти настани, но тоа било поради преклопување на друштвените кругови, а не поради блискост.

Меланија изјави дека не знаела за злоупотребите и дека не била ниту жртва ниту учесник.

Воедно, го повика Конгресот да организира јавни сослушувања на кои жртвите на Епстин би сведочеле под заклетва.

Во врска со објавените мејлови од 2002 година со Максвел, таа рече дека станува збор за „необврзна и љубезна комуникација“