Ѓорѓиевски со хуманитарна акција за бездомните и социјално загрозени лица

Макфакс

09/04/2026

15:08

129

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска, по повод Велики Четврток, учествуваше во хуманитарна акција насочена кон поддршка на бездомни и социјално загрозени лица.

Заедно со Тони Станковски и претставници на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, беа поделени повеќе од 300 оброци.

Акцијата имаше за цел да обезбеди основна поддршка и да испрати порака за солидарност и грижа кон најранливите категории граѓани. Од Општината информираат дека заложбите за подобрување на условите за живот продолжуваат, при што во изминатиот период се овозможени работни ангажмани и сместување за десетина лица кои претходно биле без дом.

Градоначалникот потенцира дека локалната самоуправа ќе продолжи со активности насочени кон намалување на социјалната исклученост и обезбедување достоинствен живот за сите граѓани.