Дејан Дуковски: Драмата е жанр на криза и конфликт, а Балканот секогаш е такво место

Точка

09/04/2026

16:05

149

Големина на фонт

а а а

На ФДУ можевме многу да научиме. Јас од Горан научив многу. Освен тоа, важни се и личните желби, афинитети, да се гледаат претстави. Исто така многу беше важна соработката со актерите уште од студентски денови. Горан многу нè мотивираше да пишуваме. И целиот фидбек што ни го даваше беше многу креативен и важен. Тоа беше предизвик - вели Дуковски.

9 април 2026: Дејан Дуковски во македонската драма и театар влегува кон крајот на 80-тите и 90-тите години и тогаш се случува превртување на тогашната сцена. Дуковски постави тренд во европскиот театар. Иако многумина умеат да кажат дека фамозниот тренд на постмодерната драма, или познат како „театар на крв, сперма и пот“ (In yer face theatre), започнал од Англија и од Сара Кејн, всушност фактите велат дека тргнал токму од Скопје, од Македонија, од драмите на Дејан Дуковски И тоа е многу интерсено да го знаеме и истакнуваме - рече проф. д-р Ана Стојаноска и уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, во воведот на разговорот што во чест на „Авторот во фокус“ на 60. издание на фестивалот се одржа на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Во повеќе од еден час средба со Дуковски, студентите и публиката можеа да уживаат во разговорот и да поставуваат прашања.

- Секое време е добро за создавање театар. Секогаш има што да се каже, доколку има кој тоа да го слушне. Што би рекол Сенко Велинов: „Не е добро време за уметност, ама немаме друго“. Во театарот многу често патиме. Суштината е тоа, публика плаќа карта, сака да биде насмеана, растажена - рече Дуковски. Тој сподели со публиката дека му се вратиле спомените од студентските денови, кога учеше во класата на Горан Стефановски.


На прашањето како се создава драмски автор, тој вели дека рецепт не постои, но дека Факултетот имал голем удел.

-На ФДУ можевме многу да научиме. Јас од Горан научив многу. Освен тоа, важни се и личните желби, афинитети, да се гледаат претстави. Исто така многу беше важна соработката со актерите уште од студентски денови. Имавме теоретски дел, но од друга страна и целиот напор на Горан беше да нè мотивира да пишуваме. И целиот фидбек што ни го даваше беше многу креативен и важен. Тоа беше предизвик - вели Дуковски.

Доколку не постоел Унковски, немало да постои Горан. Доколку не постоел Горан, немало да постои ни Дејан, потсети Стојаноска.

-Традицијата игра клучна улога. Чашуле, Чернодрински... нив ги имам за позадина... без тоа не се може. Душко Ковачевиќ, Душан Јовановиќ, исто така. Благодарение на „Скомхрахи“ и нив ги запознавме, оти посебно Унко ни носеше негови пријатели, колеги со кои можевме да се среќаваме и да ги запознаеме, вели Дејан.

Балканот има важна улога во драмите на Дуковски, тие се како уште еден лик кој не е човечки, вид коментар, место дијагноза, тетоважа, истакна Стојаноска. Тоа се гледа и во „Црно злато“, најновиот текст што имаше премиера во Југословенско драмско позориште во Белград.

Драмата како жанр се занимава со криза и конфликт, а Балканот отсекогаш е такво место. Затоа ми беше сосема логичано и „Буре барут“ да го има тој наслов и излезе многу точен, вели Дуковски.


По најпоставуваната драма на Дејан, филм сними Горан Паскаљевиќ. Прво Сашо Миленковски ја постави драмата, па беше поставена во Белград и потоа дојде филмот и драмата прошета низ цел свет.

-„Буре барут“ ми отвори врата, а „Маме му е... кој прв почна“, дојде многу брзо после тоа.

За „Балканот не е мртов“ тој вели дека ја извртел приказната, која е измотивирана од „Македонска крвава свадба“.

- Текстот излезе од ФДУ. Јас го извртев кодот - смрт на сите Турци, слобода на македонските девици. Направив љубовна приказна за да се покаже дека е бесмислено насилството. Па, имаше тогаш муабети дека сум ја менувал историјата. Тоа беше време на многу засилен национализам, а текстот беше коментар.

Многу е важно кога растете генерациски и со актерите.

- Љупчо Петрушевски, во тоа време директор на МНТ, отвори врати за цела таа генерација актери, режисери - Никола Ристановски, Тони Михајловски, Александар Поповски.

На прашањето што сака повеќе како автор - театар или филм, Дуковски вели дека театарот му е негов терен.


- Се чувстувам на свој терен во театар. А сакам филм. Секогаш работам со режиери. Затоа што во филм многу е конкретно пишувањето. Во театар текстот е во фокус и драмскиот писател има многу поголема слобода. На филм тоа е друга машинерија - вели Дуковски и додава дека имал среќа да работи со добри режисери, со кои имал убава соработка и знаеле дури да дадат и совет во однос на текстот.

На прашањето дали му е полесно да работи текст по порачка или без рок, тој вели дека сепак по порачка е поедноставно затоа што има рок и тоа го држи во временска рамка за да биде поисполнителен.

Ана Стојаноска ја отвори и горливата тема дека многу тешко создаваме нови приказни и автори.

- Во 1990-тите години многу соработки тргнуваа од ФДУ. Режисерите Димитар Станковски, Александар Поповски работеа да се постават домашните театри и да бидат и на сцените надвор од Скопје. Денес ја немаме таа практика. Многу ретко се поставуваат македонски драми и ретко постои соработката меѓу режисерите и драмските автори - истакна Стојаноска.

Според Дуковски, продукцијата на текстовите е проблем и театрите треба да имаат поголема отвореност кон авторите.

-Не е поентата и театрите да имаат директива и да поставуваат по секоја цена. Мислам дека треба на факултет да се бара клучот. Како да се паднати и критериумите. Дипломската работа, на пример, треба да биде текст поставен на голема сцена. Во тоа помагаше и факултетот со препорака и со сè. И се бараше квалитет. Јас сум драматург во МНТ и често го поставувам прашањето за малата сцена и младите автори. И најчесто се вели нема текстови. Треба да е тоа синџир, да се има одговорност. Факултетот може и треба и да им предлага на театрите текстови - смета Дуковски.

На прашањето кој совет ќе им го даде на студентите, Дуковски им рече - „Најважно е да не се откажувате. Пишувањето значи многу работа.“


Од светските автори, тој го издвои Мартин Мекдона. Во март се случи премиерата на последниот негов текст „Црно злато“ што во Југословенско драмско позориште го постави Оливер Фрлјиќ.

-Тој е добар критичар, имавме фантастично искуство. Многу интересен процес на работа, многу мудар режисер. Имавме многу комплициран процес, со пауза. Одлична соработката и се надевам дека ќе продолжи - вели Дејан и информираше дека годинава на сцената на МНТ текстот ќе го постави Слободан Унковски.

На прашањето дали му се случило да не му се допадне некоја постановка на негов текст, се насмеа и призна дека тоа се случува многу често.

-Многу пати сум се разочарал од тоа како е поставен некој текст. Тоа е најчесто кога некој глуми некаков Балкан. Имало доста лоши претстави - вели Дејан.

Во однос на МТФ „Војдан Чернодрински“, чиј „автор во фокус“ е годинава, Дуковски вели:

-Од студентски денови ми е убаво кога сме оделе. Фестивалот е стар е колку и мене. И многу ми е важен, сосеа наградите. Се шегувавме дека фестивалот е шанса за секси сеанса.